Услуги

HomeУслуги

Корпоративни услуги

Хемиско Чистење на Канцелариски Мебел

Професионално чистење на канцелариски столици, фотелји и тапацирани површини со специјализирани препарати што ги отстрануваат дамките, бактериите и непријатните мириси.

Чистење на Мебел во Опен-Спејс Канцеларии

Големите заеднички работни простори имаат фрекфентен сообраќај, што бара редовно и професионално одржување. Нашата услуга обезбедува темелно хемиско чистење на овие простории, што придонесува за подобра работна средина, здравје и продуктивност на вработените.

Хемиско Чистење на Конференциски и Lounge Простории

Конференциските сали и lounge зоните се деловни средини каде што професионалниот изглед и хигиената играат клучна улога. Нудиме длабинско чистење на софи, столици, фотелји и теписи, осигурувајќи дека просторот секогаш изгледа беспрекорно и остава позитивен впечаток.

Услуги за домаќинства

Чистење на Тапациран Мебел

Детално хемиско чистење на сите видови тапациран мебел во вашиот дом, без агресивни хемикалии и со ефикасни техники што гарантираат долготрајни резултати.

Чистење на Душеци

Отстранување на прашина, бактерии и нечистотии од душеците за поздрава средина за спиење.

Чистење и Нега на Кожен Мебел

Кожниот мебел бара посебна грижа за да ја задржи својата еластичност, мекост и природен сјај. Нашиот професионален третман вклучува:

      • Рачно чистење со користење на специјални четки од коњски влакна, кои нежно ја отстрануваат нечистотијата без да ја оштетат кожата.
      • Примена на висококвалитетни средства што ја хидрираат и заштитуваат кожата од сушење и пукање.
      • Финиш со заштитен премаз кој го продолжува животниот век на мебелот, го враќа неговиот природен изглед и го штити од идни оштетувања.
Услуги

Дополнителни Услуги

  • Тековно одржување
  • Генерално чистење
  • Техничко одржување
  • Управување и одржување на објекти
  • Решенија за водовод
  • Реновирање и адаптација на деловен простор